Кекеновски: Многу судии го сменија дресот откако СДСМ е на власт

Не треба да не прашувате нас зошто Уставниот суд после три години го актуелизира помилувањето. Жално е што немаме Уставен суд, туку класичен политички суд.

Ова го вели универзитетскиот професор Јове Кекеновски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

- „Начинот на кој се гласаше таму ми дава право да тврдам дека тие немаат сила да се оттргнам од нивните ментори во сенка. Одлуката ќе покаже друга анализа, највисоката институција во државата носи несигурност. Има контрадикторни одлуки, за исти прашања Уставниот суд има донесени различни одлуки. Кога носат одлуки, треба да имаат предвид фактот каква одлука биа донесена пред нив. Во 2016 година имаме ситуација со укинати одредби, преќутно Уставниот суд се ставила во улога на законодавец и донела друга одлука. Коа се прави укинување и поништување се знае што значи едното, а што другото. Ако е поништен, поништени се дејствијата, ако е укинат, тогаш нема правно дејство и законодавецот треба да донесе изменет член“, вели Кекеновски.

Според него голем број на судиите со доаѓање на СДСМ на власт само ги смениле дресовите.

„Голем број од судиите со доаѓање на СДСМ на власт едноставно ги преоблекоа дресовите, можеби не како што беа во минатото, не грешката беше тоа што не се случи генерален реизбор на судиите. Како може да биде судија некој на кого претходно му кажувале каква пресуда да донесе“, нагласи професорот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 19:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега