Канческа Милевска: Не сум консултирана за изјавата на Александрова

Пратеничката Емилија Александрова денес даде изјава, зборувајќи во име на мнозинство, во која го осудува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кој бара уште сега Собранието да ратафикува влез на Македонија во НАТО. Во осумте независни пратеници кои потекнуваат од ВМРО-ДПМНЕ спаѓа и пратничката Елизабета Канческа Милевска.

Порталот Вечер ја праша пратеничката дали се согласува со ставот на својата колешка Александрова 

- „Сега од вас слушам за пресот на колешката Емилија Александрова, не сум запознаена ниту консултирана. Јас денес не бев во Собрание, бидејќи имав некој други обврски. Секој може да доставува предлози и иницијативи до Собранието, секој може да има различен став и мислење по одредени прашања, и кога ќе ја видам таа иницијатива тогаш и би се произнела, никогаш не бегам за било каков став кога станува збор за нешто што е од суштински интерес за нашата држава, тоа е и всушност демократија. Воопшто не сметам дека предлогот на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски за ратификација за членството во НАТО е за осуда, напротив тоа е само чекор поблиску до остварување на таа цел. И пред се потврда дека без поддршката од страна на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои гласаа за уставните измени ова прашање, поточно членството во НАТО не можеше да се реазлизира. Мислам дека тоа прашање треба да се затвори, да се обединиме, за да можеме да продолжиме понатаму. Овој пратенички состав направи многу во однос на реформите во насока на евроатланските интеграциии и лично сметам и ќе се залагам за тоа, дека овој пратенички состав треба да ја изгласа и да ја потврди ратификацијата на протоколот за членство во НАТО со што ќе се заокружи едно многу важно повеќегодишно круцијално прашање кое конечно се реши, а е од огромна важност за безбедноста и сигурноста на нашата држава„, вели таа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

02.12.2019 - 20:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега