Дожд, студ и замрзнат снег - УХМР со лоша најава
Времето во земјава ќе биде претежно облачно. Ќе има врнежи од дожд, услови за локална појава на замрзнат дожд, а на планините врнежи од снег. Поради спуштање на постудена воздушна маса од север, врнежите во текот на денот и ноќта кон среда ќе преминуваат во снег и на повисоките места каде што ќе се формира снежна покривка. Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе се движи од минус еден до четири, а дневната температура ќе се движи од четири до 10 степени.
Во Скопје ќе биде претежно облачно.Ќе дува умерен до засилен северен ветер.
Утринската температура ќе достигне до еден степен, а дневната температура до пет степен.
Потоа во наредните денови времето ќе биде стабилно со појава на магла по котлините.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа