Собраниска делегација на тркалезна маса во ЕП во Брисел

Делегација на Собранието на Македонија во состав Сашо Василевски, Бетиане Китев, Реџаиљ Исмаили и Драган Данев денеска ќе учествуваат на „Тркалезна маса на високо ниво за процесот на евроинтеграции на Западен Балкан“ во Европскиот парламент во Брисел.

На Конференцијата, како што соопшти Собранието, пратениците ќе разменат искуства со своите колеги од регионот, ќе се сретнат со новоизбраните колеги од Европскиот парламент, ќе имаат средби со известителите од Комисијата за надворешни прашања, како и со шефови на делегации.

За време на посетата на Брисел, делегацијата на Собранието ќе има средба и со шефицата на Мисијата на Република Северна Македонија при ЕУ во Брисел, амбасадорката Агнеза Руси.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 09:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега