Милевски со полиција донесен во Судот за „Рекет"
Со полициска придружба утрово во Кривичниот суд Скопје од домашен пртивор донесени се поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец, кои заедно со Бојан Јовановски – Боки 13 се обвинети за случајот „Рекет“.
Се очекува да биде донесен и Јовановски од КПУ Затвор Скопје кад ешто издржува мерка притвор.
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Јовановски, Јанева и Милевски.
Како што соопшти Јавното обвинителство, првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милевски за „примање награда за противзаконито влијание“. Второобвинета Јанева се товари и дека сторило и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа