Јанева и Милевски со по двајца адвокати во Суд - Го чекаат Боки13 од затвор
Обвинетите Катица Јанева и Зоран Милевски – Кичеец дојдоа утринава во Кривичниот суд на почетокот на судењето за случајот „Рекет“, каде го чекаат Боки13 да биде спроведен од затвор.
Пристигна и шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција Вилма Русковска, која Јовановски го обвини за кривично дело „Примање награда за противзаконито влијание“ и за „Перење пари и други приноси од казниво дело“. Јанева ја обвини за „Злоупотреба на службената положба и овластување“, а Милевски за „Примање награда за противзаконито влијание“, пренесе СДК.МК.
Јанева и Кичеец денеска во Суд со по два адвокати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа