Боки13 во Судот: Постојано повраќам

Бојан Јовановски познат како Боки13 денеска во судницата каде стартуваше случајот за Рекет, побара одложување поради како што вели лошата здравствена состојба.

- Имам желба активно да учествувам во судскиот процес, но не сум во состојба, рече тој откако до Судот беше доставена лекарска документација дека псотојано повраќа и има вртоглавици, како и дека состојбата му е живото загрозувачка, пренесе А1.он.

Неговиот адвокат Сашо Дуковски рече дека за здравствената состојба на Јовановски укажуваат со месеци.

- „Не сакам да се има впечаток дека го одолговлекуваме судењето, но еве видете го човекот како изгледа. Терапијата му е прекината и не е точно дека му се дава било каква терапија“, рече адвокатот на Боки 13. 

Боки 13 денеска каснеше на рочиштето, а како што кажа, повраќал 10 пати само утринава.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 11:35

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега