Рекет не се одложи - На Боки 13 му дадоа дијазепам

Откако Боки13 на денешното прво рочиште за Рекет се пожали дека не му е добро, дека постојано повраќа и има вртоглавици, поради што побара и одложување на рочиштето, го прегледа лекар во Судот.

Македонскиот шоумен кој е првоосомничен во аферата Рекет, доби дијазепам денеска по прегледот во Судот, а лекарите одлучија дека може свесно да го следи судењето.

На почетокот на судењето претседателката на Судечкиот совет Весна Николовска Масевска рече дека им била доставена медицинска документација од ГОБ „ 8 Септември“ од Јовановски, кој денеска имал здравствени проблеми – повраќал и бил тешко контактибилен. 

Обвинителката Вилма Рускоска, пак, кажа дека според лекарите во ГОБ „8 Септември“, Јовановски е во добра здравствена состојба.

– Јас сум сигурна дека е така. Ниту еден доктор не би ја ризикувал својата лекарска лиценца. Сметам дека ова е само обид за одлговлекување, рече Рускоска

Паузата за преглед траеше 30 минути.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 12:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега