Бучковски: Се направи чудовиште од Судскиот Совет

Во 2005 тата кога го формиравме судскиот совет ваков каков што е сега и го напуштивме изборот на судиите во Парламентот сакајќи да ја загарантираме независноста, се покажа дека тоа што функционира во Бугарија или Романија, кај нас не профункционира. Ова го вели Владо Бучковски за Слободен Печат.

- „ Ние направивме чудовиште. Судскиот совет е чудовиште. Судскиот совет досега можеше да ги елиминира сите оние судии кои испорачуваат „нарачани“ пресуди“, вели за Слободен печат професорот и поранешен премиер Владо Бучковски.

Според него Власта пропушти шанса на почетокот од мандатот пред две и пол години да го оствари своето ветување за генерален реизбор на судиите.

„Системот кој го воспостави во правосудството министерот за неправда Маневски, требаше да се демонтира- веднаш. Сега ова може да биде само предизборен фолклор. Веќе нема време за ветинг. Ветинг ќе има ако победи оваа колаиција предводена од СДСМ заедно со ДУИ, бидејќи за воља на вистината ДУИ под импресија на она што се случуваше во Албанија, први пред една година проговорија за ветинг“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега