Камчев си ги бара 1,5 милиони евра од Боки 13 и Катица

Полномошникот на Јордан Камчев денеска рече во судот дека Камчев се приклучува кон обвинението и бара оштета од 1,5 милиони евра.

Судот на почетокот на рочиштето не ги прифати предлозите на одбраната за издвојување на аудио доказите од телефонот на Јордан Камчев и видео материјалите од Боки 13, како и за одржување на подготвително рочиште за подобро запознавање на предложените докази и произнесување на одбраната по нив.

Обвинителката Вилма Рускоска рече дека за ова кривично дело не може да има оштетени, може да има само сведоци во постапката.

Судот го извести полномошникот на Камчев дека во постапката може да присуствува како јавност и дека доколку смета може да поднесе постапки за оштета.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.12.2019 - 13:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега