Камчев: Кај Бојан платија рекет Тинекс, Главчев, Пелистерка, тој ја злоупотреби и потпретседателката на Владата

Денеска во Кривичниот суд продолжи судењето за случајот „Рекет“.

Бизнисменот Орце Камчев во својот исказ спомена дека кај него платиле уште неколку компании и луѓе, и дека ја злоупотребил потпретседателката на Владата (н.з. Шеќеринска), но спомена дека таа нема врска со случајот, пренесува ТВ21.

„Во месец јануари, Бојан дојде и рече сакаш ли да разговараме за бизнис. А сите знаеме дека седницата на Врховниот суд беше на 30 јануари. Мене ми беше јасно дека е рекет. Се што е отворено од 18 јануари, е рекет фаза. Кај него платија и Тинекс, и Томче Главчев и Дејан Пелистерка, ама не сакаа да го кажат тоа, се исплашија. Ова се луѓе јас што ги знам, можеби има уште… Има и материјали кои ќе го докажат тоа.

Сфатив дека таа игра да ја играм, да бидам глумец во нивната приказна. Во една прилика ја злоупотреби потпретседалката на Влада, со слики, како ги сликал нејзе и Катица, и како они разговарале. До толку беше монструозен. А јас со нејзиниот сопруг сум другар, и знаев дека нема врска жената. Целата конструкција што ја направив, решив да ја документирам. Пошто бев во куќен притвор, немав друга алатка. Не знаев кому да пријавам дека сум рекетиран. Сите бараа и се дел од пакетот. Сите тројца“, рече Камчев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 11:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега