Боки до Камчев: Што имаше друго во чантата освен непостоечки 1 милион евра

Боки 13 рече дека парите од 1 милион евра кои биле во чантата биле непостоечки, и го праша Камчев што имало друго во неа?

„Само весници одозгора“, рече Камчев.

Боки повторно праша: „Што имаше друго г-не Камчев“.

Камчев: „Апсолутно ништо“.

Ова беше алудирајќи на тоа дека имало локатор во чантата или камера како што се шпекулираше во јавноста.

 Боки 13 го праша кога и кој му ја вратил торбицата со 1 милион евра?

Камчев одговори: „Торбицата никогаш не ми е вратена“.

 

Претходно Камчев рече дека му ги спакувал парите во торба „Луј Витон“, затоа што тој ја „љубел“ таа марка.

Извор: ТВ 21

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 13:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега