Груевски: Некои се додворувале кон Србија, кон Бугарија, Грција, а „наш Стево“ кон кој стигне

Поранешниот премиер Никола Груевски на својот Фејсбук профил напиша статус во кој вели дека со жалење ги проследува настапите на некои македонски политичари како последните на Стево Пендаровски, актуелен Претседател на Македонија.

Тој посочи дека влечејќи една историска паралела не може, а да не се потсети на многумина кои продефилирале и потоа се заборавиле во македонската историја кои сакајќи да се допаднат и додворат на помоќните соседи, и самите себе и други политичари или во тие времиња револуционери од Македонија ги обвинуваат и се обвинуваат за се и сешто.

„Некои тоа додворување го правеле кон Србија, некои кон Бугарија, некои кон Грција, Албанија итн а “наш Стево” кон кој ќе стигне“, заклучи Груевски.

Тој смета дека Пендаровски сериозно го фатиле два “вируса” истовремено од неговите колеги од СДСМ.

„Едниот “вирус” е опсесијата со мене, која е веќе очигледна во секој негов настап. Вториот вирус е говорењето невистини, а преку тоа и манипулирање“, посочи поранешниот премиер.

Понатаму истакнува дека овие симптоми Пендаровски ги пројавил уште во изборната претседателска кампања. Тогаш ги игнорирал и мислел дека можеби се привремени и ќе траат дваесетина дена, но сега е веќе јасно дека се хронични и тешко излечиви. Затоа, смета дека повремено треба да одговори на неговите тези.

„Понекогаш несвесно или можеби свесно, знае да ја каже вистината, па во тој контекст имам разбирање зошто цели 11 години владеење на ВМРО-ДПМНЕ кога не беше Претседател на Македонија, дури и по поразот на претходните претседателски избори, немал ниту намера, ниту обид да си замине од Македонија во странство, а сега откако дојде СДСМ, а тој стана Претседател сподели со јавноста на целиот Балкан и пошироко со светот дека да не бил претседател и тој сега би си заминал од Македонија“, пишува поранешниот премиер .

Груевски порачува дека најдоброто објаснување на ова негово чувство се чита од неодамна објавениот податок за иселувањата прикажан во следниот графикон објавен деновиве низ социјалните мрежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 14:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега