Камчев: На Бојан му ставив магазини за мајтап и банкноти од 50 евра, тоа го изнервира

Сведокот во случајот „Рекет“, бизнисмеснот Орце Камчев во изјава за новинарите појасни зошто во средбите се спомнува и министерот за здравство, Венко Филипче.

Камчев вели дека тој и Филипче  се долги години пријатели, а Бојан Јовановски им предлагал приватно јавно партнерство.

„Јас и Венко Филипче сме долги години пријатели. Тоа беше еден обичен состанок, а Бојан Јовановски бладаше, тресеше глупости. Сакаше да прави некакво јавно приватно партнерство за некаква болница. Јас откако го пријавив Бојан, ги прекинав сите комуникации со него. За овој случај, јас во торбите му ставив луксузни магазини за мајтап и му ставив по 50 евра. Боки многу се изнервира за тоа“, истакна Камчев.

Тој рече дека многу функционери биле злоупотребени од Бојан Јовановски Боки 13. Сите што имаат платено реклама во 1 ТВ сите на некој начин биле гонети од Боки и Катица Јанева.

„Јас сум човек што не лаже. Беше болна таа вистина. Катица не ми нудеше спогодба, туку ми нудеше Боки. Сфатив дека сѐ е нивна игра. Сакам да докажам дека сум чист и ќе докажам. Случајот „Империја“ е отворен за изнуда на пари затоа што тие не биле овластени тужители и се преземни предмети стари 18 години. Јас сум човек што вработува 3.000 луѓе, најголем плаќач на данок во оваа држава и нема да дозволам моето лице и лицето на моите деца да го гаѓаат вакви накази како Боки 13 и Катица Јанева. Ако наредбите на Јанева биле противзаконски зошто Стефанова не ја пријавила до Јовески дека имала притисок од Јанева? Мене ми понуди спогодба братот на мојата истражна судијка со исти бројки кои потоа му ги нудеа Бојан и Јанева“, рече Камчев одговарајќи на новинарски прашања.

Што се однесува до вчерашната ситуација со наводната контрола во некои од неговите фирми, тој ги демантираше таквите информации.

„Значи немаше никаква акција. Тоа е редовна контрола и луѓето сфатија дека се е чисто. Со Полиестер соработуваме повеќе од 10 години и таа е наша традиционална фирма. Откако Полиестер ќе ни ги плати средствата, ќе ја затвориме таа трансакција“, порача Камчев.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 14:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега