Чифлиганец: Сум немал средба со Лиле Стефанова ни во мојот, ниту пак во друг стан

Би сакал одговорно да ѝ соопштам на јавноста, дека во животот и конкретно во случајот, ниту ми е барано, ниту сум нудел од мое име, или во друго име, било каква недвижност, или каква било материјална корист. Одговорно тврдам дека во врска со конкретниот случај, немало никаква средба, ниту во мојот, ниту во нечиј друг стан, се вели во демантот на бизнисменот Ванчо Чифлиганец на денешната изјава на Орце Камчев за време на неговото сведочење за случајот „Рекет".

„Секогаш сум бил подготвен да им помагам на луѓето во согласност со законските прописи. Беспредметно е, дури и попатно спомнување на моето име“, се вели во писмената реакција на Ванчо Чифлиганец.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 15:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега