Пратениците одлучија едногласно: Максим Ацевски предложен за државен ревизор

Пратениците едногласно го прифатија предлогот Максим Ацевски да биде избран за државен ревизор. Предлогот е усвоен со консензус, без расправа на комисијата за избори и именувања. Конечната одлука треба да се донесе на пленарна седница што ќе ја закаже претседателот на Собранието Талат Џафери.

Претседателот на комисија Илија Димовски рече дека на изборот претходеле интензивни и конструктивни разговори со сите пратенички групи при што дошле до заедничко прифатливо решение.

„Мислам дека ова е најдоброто решение, Максим Ацевски од Велес е професионалец со 20 годишно искуство во оваа област. Сакам да им заблагодарам и на другите кандидати кои истотака се врвни професионалци и на пратениците кои беа конструктивни инпридонесоа да дојдеме до прифатлив предлог, кој наиде на поширока поддршка. Тоа е добро за демократијата и за подобри резултати на ова важна институција која долго време беше оставена без ревизор, а е особена важна и за организирање на престојните избори“, рече Димовски.

Државната ревизија речиси две години е без главен ревизор, а мандатот на вршителот на должноста истече на 5 октомври.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега