Одбиено барањето за апанажа на Јанева во Собранието

Членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на попладневното продолжение на седницата едногласно го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева, осомничена во случајот „Рекет“.

На седницата беше констатирано од формално правен аспект дека не постојат причини за прифаќање на барањето бидејќи таа не е избрана од Собранието.

Пратениците, исто така, дебатираа и за, како што посочија „дрскоста Јанева да побара ваков надоместок од Собранието“.

Дваесет и шестата седница на Комисијата беше прекината на предлог на Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ кој побара дополнителни консултации за продолжување на постапката по јавниот конкурс за избор на членови на АВМУ и за именување на членови на Програмскиот совет на МРТВ

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 16:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега