Јанчев: Очекувам наредната година да почне изградбата на граничниот премин Пулевац

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев очекува изградбата на  на новиот граничен премин Пулевац, над Мајден, на македонско-грчката граница, да почне наредната година.

-Бинго за Кавадарци претставува најавениот граничен премин над Мајден, тоа е мојот личен впечаток.Со преминот, соседите ќе можат да доаѓаат кај нас, а нивното доаѓање значи и одреден дел на финансиски средства кои ќе  влезат во нашата општина. Со самиот премин, ние исто така ќе бидеме поблиску до нив, изјави тој на прашање на МИА во врска со проектот кој тиквешани го чекаат со години.

Информираше дека веќе се работи на техничката документација и на останати аспекти важни за проектот, како што е патната инфраструктура.

-Техничката документација се работи и во тек се преговори во делот на инвестирање, на заемната соработка и изградба на преминот. Тука мора да спомнам дека оваа година Агенцијата за патишта го реконструира патот од месноста Мушов Гроб до после селото Мрежичко, наредната година е ставено во програма да се рехабилитира и асфалтира патот од после селото, до соседното Мајден. Од Мајден  до преминот, државата ќе го решава на државно ниво, заедно со изградбата на самиот премин, соопшти Јанчев.

Тој очекува наредната година да се почне со изградба на тој премин.

Кавадарци и Едеса прават напори во рамки на прекуграничната соработка помеѓу двете држави да го отворат граничниот премин на Кожуф планина. Со отварање на овој гарничен премин патната разделеност меѓу двата града би се свела на стотина од сегашните 200 километри, кои сега се патуваат преку Гевгелија или Битола. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 16:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега