Ја нарекоа „дрска" - Пратениците го одбија барањето за апанажа на Катица

Едногласно без ниту еден против, членовите на собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата на попладневното продолжение на седницата, го одбија барањето за апанажа на поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева.

На седницата беше констатирано од формално правен аспект дека не постојат причини за прифаќање на барањето бидејќи таа не е избрана од Собранието, а според пратениците барањето на Јанева е дрско.

Дваесет и шестата седница на Комисијата беше прекината на предлог на Трајчо Димков од ВМРО-ДПМНЕ кој побара дополнителни консултации за продолжување на постапката по јавниот конкурс за избор на членови на АВМУ и за именување на членови на Програмскиот совет на МРТВ.

Инаку, Јанева е второосомничена во случајот „Рекет" и се наоѓа во домашен притвор.

На рочиштето за случајот таа негираше вина и рече дека ќе докажува дека не ги зела парите, а им порача на судиите да не се плашат од изјавата на Русковска дека ќе ги истресе од гаќи.

За случајот засега е осуден само Зоран Милевски Кичеец кој призна вина, и доби 3 години затвор, сметајќи го и времето поминато во притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.12.2019 - 16:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега