Карамбол во Куманово: Две возила удриле во паркирани коли и прегазиле маж
Две возила се искршиле во Куманово, влетале во паркирани возила и удриле во маж.
Во 17.00 часот било пријавено дека на автопатот Куманово - село Табановце, кај селото Долно Конјаре, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „мерцедес“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 53-годишниот Х.Е. од Ваксинце и патничко возило „дачија логан“, со кумановски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Н.Б. од Табановце, кумановско.
Притоа, возилото „мерцедес“ удрило и во паркирано товарно возило „фиат дукато“ со кумановски регистарски ознаки, сопрено од 45-годишниот С.С. од општина Липково и паркирано патничко возило „форд галакси“, со кумановски регистарски ознаки, сопрено од 45-годишниот И.Р. од Черкези, кумановско и во И.Р., кој бил до возилото.
Во незгодата И.Р. се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Куманово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа