Маж од Паланка ја избркал сопругата од дома и ѝ се заканувал со остар предмет

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против Т.Е.(45) од Крива Паланка, поради постоење основи на сомнение за сторено  кривично дело „загрозување на сигурноста“.

На 27.11.2019 пријавениот во својот дом, по претходна расправија, ја избркал од дома неговата сопругата, по што од полициски службеници таа била вратена дома, но пријавениот упатувал закани и се обидел да физички да ја нападне со остар предмет.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега