МВР потври: Едно лице нападнато при тепачка во општинските простории на Карпош

Едно лице физички било нападнато во вчерашната тепачка во општинските простории на Карпош – од Министерството за внатрешни работи денеска го потврдија инцидентот, кој се случи за време на јавната презентација на Деталниот урбанистички план за Трнодол. Полицијата работи на расчистување на случајот.

- НА 17.12 е пријавено дека околу 16:10 часот при одржување на презентација на ДУП од Општина Карпош, А.К. Бил физички нападнат. На местото на настанот излегле полициски службеници и се преземаат мерки за расчистување на случајот. - МВР.

Жителите на Трнодол и денеска преку соопштение обвинуваат за насилно носење на - според нив скандалозниот и незаконски ДУП. Обвинуваат дека јавната презентација била спречена од како што пишуваат „платеници“ на градоначалникот.

- Ние како граѓани сме првенствено разочарани од Општина Карпош и градоначалникот Стефан Богоев, кој сака насилно да го донесе овој ДУП, па и по цена да падне крв. со предлог ДУП-от, како и регулацискиот план на кој тој се темели, се направени еден куп законски прекршоци - соопштение жители на Трнодол.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 18:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега