Црвенковски не добил покана за обраќањето на Пендаровски

Поранешните претседатели на државата Бранко Црвенковски и Ѓорге Иванов не го следеа првото годишно обраќање пред пратениците на нoвиот шеф на државата Стево Пендаровски, објави „Плусинфо“. Иако поранешните претседатели на државата се на протоколарниот список на МНР за присуство на настани организирани од државните институции, Црвенковски и Иванов не беа денеска во првата собраниска редица, каде што можеа да се забележат премиерот Зоран Заев, лидерите на верските заедници во земјава, првите луѓе на правосудните институции…

Од кабинетот на Црвенковски велат за Плусинфо дека поранешниот претседател не добил покана за денешната седница и дека треба да се провери дали е практика во парламентот за вакви настани да се испраќаат покани до поранешните шефови на државата. Инаку, организацијата на седницата на која се обраќа претседателот е во надлежност на Собранието.

 

Додека Иванов беше на чело на државата, Црвенковски не присуствуваше на неговите годишни обраќања, но тогаш „политички причини“ беа образложение за неговото отсуство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 20:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега