Бајрами: Антикорупциска веќе ги следи имотните состојби на судиите

Ветингот е проверка и не се разликува од другите проверки. Зависи што ќе се одреди да се проверува, дали тоа ќе биде имотна состојба или професионалниот капацитет на судии и обвинители. Во тој дел ако се определи некој да врши ветинг и како елементен столб да биде имотната сосотјба, ние нема потреба да бидеме посебно прозвани. По член 17 од законот Антикорупциската комисија ги следи сите функционери меѓу кои и судиите за промените на имотната состојба, изјави Нури Бајрами член на антикорупциската комисија за Телма.

-Бидејќи бевме прозвани, нашата надлежност излегува од нашиот закон и тоа е редовна надлежност која ја правиме. Нема да се приклулиме активно кон ветингот бидјеќи нашата работа е следење по закон. Ако се спроведе ветингот и бидат побарани информации од нас, ние ќе ги дадеме, вели Бајрами.

Меѓутоа, тој смета дека целосен ветинг на судиите не е возможен во државата поради како што вели, контаминацијата на оштеството и непочитувањето на законите кое е наледено од минатото.

– Треба да се запрашаме кој прозиведува криминал и корупција. Мој впечаток е дека имаме корупциска контаминација во сите сфери на животот. Се протекува од политиката, политиката има надзор на се. Да беа избрани раководни лица преку овој начин на кој бевме ние, сега ќе имавме чист терк. Ветингот не знам кога ќе се спроведе и како ќе се спроведе со контаминација на општеството, со непочотување на законите што е наследено од минатото и со законот за јавната администрација, вели Бајрами.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 20:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега