Ристовски: Судиите треба да се следат веднаш откако ќе бидат именувани

Заменик министерот за правда, Оливер Ристовски во денешната дебата во емисијата Топ Тема изјави дека следењето на судиите и ветингот треба да започне уште од самиот почеток на нивното именување.

-Тие што се чесни, а мноштвото од судиите се, зошто да се плашат од контролата која би ја правела Судскиот совет. Тоа треба да се почне веднаш. Влезот во судството и обвинителството е јасен, тоа е преку Академијата за судии и јавни обвинители. По завршувањето на Академијата, кога се избираат, тука треба да се видат контактите, имотната состојба, врските со адвокатурата, од тука треба да започне следењето, вели Ристовски.

Тој додава дека Антикорупциската комисија и Судскиот совет мора да спочне со прочистување на судството и обвинителството.

-Што се не се избра во судството. Антикорупциска и Судскиот совет можат да отпочнат процедура за прочистување на судството и обвинителството. Кај судскиот совет има промени во однос на минатите 10 години, исто така имаме закон со кој може да се води потекло на имот, во време на ВМРО-ДПМНЕ немаше такво нешто, вели Ристовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 21:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега