Галовеј: Внимателно ги следев резултатите од истражувањето, тие се поразителни

Британската амбасадорка во земјава Рејчел Галовеј вели дека внимателно ги следела резултатите од истражувањата за младите во државата и таа е разочарана од нив.

-Младите се нашата иднина. На нив треба да гледаме како на отворен ум, искреност, социјална одговорност, информираност, глобална поврзаност. Резултатите се разочарувачки. Само три отсто од нив се задоволни од своето место во општеството. Шестмина од десет млади луѓе размислуваат да ја напуштат земјата за подобар стандард. Огромен процент од нив сметаат дека на никој начин не можат да влијаат на состојбите во земјата. Само со инвестирање во младите може државата во иднина да има подобри лидери. Сите институции во земјата треба да ги имаат младите повисоко на својата агенда. Нивната доверба во институциите е ниска. Тука сум да ги охрабрам да се ангажираат општествено да го кренат својот глас. Вие ја обликувате иднината, вие треба да го направите општеството подобро, поотворено, поинклузивно“, рече Галовеј.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.12.2019 - 22:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега