Премиерот Заев на Самит на ЦЕИ во Рим

Премиерот Зоран Заев денеска во Рим ќе учествува на средбата на шефови на држави или влади на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), како претседавач на иницијатива која оваа година одбележува 30 години од формирањето.

– Претседателот на Владата на самитот ќе учествува на покана на италијанскиот премиер Џузепе Конте. Се очекува лидерите на земјите членки на ЦЕИ да ја истакнат важноста на европската интеграција како клучна за зајакнување на стабилноста, просперитетот и единството на континентот, како и за економската соработка во рамките на иницијативата, соопшти владината прес-служба.

Во Централноевропската иницијатива се опфатени 17 европски земји: Албанија, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка, Унгарија, Италија, Молдавија, Црна Гора,  Македонија, Полска, Романија, Србија, Словачка, Словенија и Украина.

Од 1 јануари 2020 година претседавањето со ЦЕИ ќе го преземе Црна Гора.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 08:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа