Седници на повеќе собраниски комисии, на дневен ред и измените на Законот за контрола на опојни дроги

 

Во Собранието денеска седници ќе одржат комисиите за здравство, за надворешна политика, за локална самоуправа и Комисијата за одбрана и безбедност.

Членовите на Комисијата за здравство ќе расправаат за измени и дополнувања на повеќе предлог закони, меѓу кои се и измените на Законот за континуирано стручно усовршување на докторите на медицина во прво читање, измените и дополнувањата на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции и измените на Законот за прекинување на бременоста, сите во прво читање.

Предлог – законот за ратификација на Спогодбата помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Франција која се однесува на средните училишта со франкофонски двојазични паралелки е единствена точка на дневен ред на Комисијата за надвпрешни работи.

Комисијата за локална самоуправа организира јавна расправа на тема: Спроведување на Законот за локална самоуправа во однос на работата на Комисиите за односи меѓу заедниците на локално ниво (членови 41 и 55).

Комисијата за одбрана и безбедност треба да се изјасни по Предлог – одлуката за изменување на Одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба заради зголемен обем на влез и транзитирање на мигранти низ територијата на Република  Македонија и по Информацијата за потребата од склучување на договор со Владата на САД за набавка на лесни оклопни возила на тркала за потребите на Армијата на Република  Македонија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 08:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега