Со возило урнат дел од ѕидот на тетовската касарна- полицијата со детали

 

Дваесет и тригодишник од тетовското село Вејце утринава изгубил контрола врз своето возило по што удрил во ѕидот од касарната во Тетово. Нема повредени, а поради удирањето, урнат е дел од ѕидот.

– Околу 7 часот, на улица „Благоја Тоска“ во Тетово, патничко моторно возило „Фолксваген голф караван“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од 23-годишниот Б.М. од тетовско Вејце, а во кое се наоѓало уште едно лице-сопатник, загубило контрола, излетало од коловоз и удрило во бетонски ограден sид од двор. Во несреќата нема повредени, соопшти Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега