Автомобил излета од патот Охрид-Кичево, повредени три лица

Три лица, од кои две потешко, се повредени откако возило „Опел синтра“, со струшки регистарски ознаки излета од пат.

Несреќата информира МВР, се случила вчера околу 20:20 часот на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на с.Врбјани.

-Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле двајца сопатници Е.З.(53) и А.З.(29), двајцата од Струга, а со телесни повреди се здобила стружанката А.С. (24) која управувала со возилото, по што биле пренесени во болницата „Свети Еразмо“ – Охрид за укажување на лекарска помош, велат од МВР.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 11:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега