Апсење во Скопје- приведени три лица

Во текот на вчерашниот ден три лица биле уапсени поради поседување на дрога на неколку различни места низ Скопје.

„На 18.12.2019 во 18.00 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Илинден“ го лишиле од слобода Т.П.(30) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

На 18.12.2019 во 22.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Гоце Делчев“ го лишиле од слобода Х.М.(47) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена прашкаста материја.

На 18.12.2019 во 23.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Црногорска“ го лишиле од слобода З.В.(21) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана.

По документирање на сите три случаеви, против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок“ соопштуваат од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 11:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега