Автомобил удрил во три малолетни девојчиња од Чаир - со повреди пренесени на Клиника

 

 Три малолетни девојчиња со повреди се пренесени во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, откако патничко возило утрово удрило во нив на улица „Христијан Тодоровски Карпош“ во скопски Чаир.

Од МВР за МИА информираат дека во 10:58 часот е пријавено дека патничко моторно возило „Пасат“ со скопски регистарски таблици удрило во трите малолетни девојчиња – пешаци.

Полицијата се уште врши увид на местото на несреќата.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега