Таксист прегази три девојчиња во Чаир, едното во тешка состојба

 
Во скопската населба Чаир, денеска на пладне, таксист прегази три малолетни девојчиња, од кои едното е во тешка состојба.
Според очевидци на настанот, возилото удрило во нив додека тие ја поминувале улицата на пешачки премин, јави Алсат М.
 
Сите се итно префрлени во болница. На местото на сообраќајката увид врши екипа на МВР.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 12:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега