Нови детали за состојбата на девојчињата кои утрово беа прегазени од таксист во Чаир

Трите девојчиња кои утринава беа удрени од таксист во Чаирчанка се во стабилна и контактибилна состојба, изјави директорот на Ургентен центар, д-р Алберт Леши за Сител. Трите малолетнички се примени со скршеници и две од нив ќе бидат оперирани.

Како што информира Сител, во Ургентниот центар биле донесени со возило на Брзата помош во 11:20 часот.

Едното девојче е на Карил додека другите две на Детската хирургија.

Возачот на такси возилото е приведен во полициска станица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 15:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега