Јанакиески во судница, а Груевски во Будимпешта ќе ја слушнат пресудата за ТНТ пред Нова година

Судечкиот совет, составен од судиите Огнен Ставрев и Осман Шабани, кој го води судењето за случајот ТНТ, за незаконското уривање на станбениот комплекс „Космос“ којшто беше во сопственост на бизнисменот Фијат Цаноски,  е решен судењето за овој случај да го заврши до Нова година, и покрај „адвокатските финти“ кои настојуваат да го одолговлечат судењето на сите можни начини, објави „Фокус“.

 

На денешното рочиште дел од обвинетите се обидоа на неклку начини да го одложат рочиштето, тројца адвокати кои застапуваа четворица обвинети не дојдоа на судењето, но судечкиот совет не попушти, им најде адвокати по службена должност. На крајот, токму новите адвокати успеаа да го убедат судечкиот совет да го одложи судењето бидејќи е некоретно да застапуваат клиенти и да поставуваат вкрстени прашања за предмет кој не го знаат. Сепак утре во 9,30 часот е закажано ново судење, а следното рочиште веќе во понеделник, пренесува „Фокус“.

Во судница денеска дојдоа сите обвинети, освен поранешниот премиер, Никола Груевски. Неговиот адвокат кој му е поставен по службена должност, беше присутен, но не дојдоа адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба, Тони Трајковски, адвокатот Мерџан Даути и Дончо Наков кој брани две обвинети. Трајковски синоќа му го откажал полномошното на неговиот досегашен адвокат, Боро Тасевски бидејќи не го предупредил дека за 13 часа ќе треба да дава одбрана. Тој најмил друг адвокат, Јовица Страшевски, но денеска тој не бил на судење во Кичево. Наков бил на судење во Куманово, а Мерџан Даути заминал за Србија.

Сите обвинети, освен поранешниот министер, Миле Јанакиески, кој беше дојде со својот адвокат Димитар Дангов од почетокот на рочиштето бараа рочиштето да се одложи, бидејќи ја немале подготвено својата одбрана, која им била единствена шанса да ја докажат својата невиност, заедно со нивните адвокати.

За неколку дена пред Нова година, односно на 27 декември, е закажано да биде изречена пресудата за случајот “Тарифа“.

Во случајот „Тарифа“ обвинет е поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште други две лица за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега