Инциденти на улица во Скопје - Нападнати три лица

 Два инциденти вчера се случиле на улица на две различни локации во Скопје.

50 минути по полноќ во СВР Скопје, 19-годишниот С.А. од Кавадарци пријавил дека околу десетина минути по полноќч пред угостителски објект на булеварот „Видое Смилевски Бато“, по претходна расправија, едно лице го нападнало со метален предмет.

 Исто така, претходно во текот на денот, во 13.30 часот во СВР Скопје, 75-годишниот Ј.В. од Скопје пријавил дека околу 11  часот на улицата „Димитрие Чуповски“ тој и  75-годишниот А.В по претходна расправија, биле физички нападнати од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случаите.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.12.2019 - 16:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега