Возило се заби во ограда во скопско - Има повредени

Во 11.25 часот на сервисната улица која ги поврзува улицата „1“ и автопатот „Пријателство“- клучка Илинден, патничко возило „сеат ибица“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 32-годишниот Б.В. од селото Илинден, скопско, удрило во метална ограда.

Во незгодата, сопатничката Т.Б.(43) од селото Кадино, скопско, се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември“ за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2019 - 10:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега