Скопјанка со лажна потврда за редовен работен однос подигнала 900.000 денари кредит од банка

 

СВР Скопје - Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 56-годишната М.Ј. и 36-годишната В.Л., двете од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“.

Како што информира МВР, пријавените заедно изготвиле лажна Потврда за редовен работен однос во фирма во Скопје за првопријавената М.Ј., со што во банка во Скопје лажно прикажала дека е кредитноспособна. После тоа, М.Ј. подигнала кредит од 900.000 денари. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2019 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега