Тетовската полиција привела маж кај кого нашла 1000 петарди и пиротехника

 Тетовската полиција информира дека попладнево е приведен 32 годишник кај кого е најдено поголема количина на петарди и друг вид пиротехнички материјали.

Осомничениот е задржан во Полициската станица Тетово и по целосното расчистување и документирање на случајот ќе му биде изготвен соодветен поднесок. -Околу 14 часот и 30 минути на улица „120“, во близина на Зелен пазар во Тетово, полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово го лишиле од слобода 32-годишниот А.А. од тетовското село Ларце, кај кого биле пронајдени и одземени околу 1000 парчиња разновидни пиротехнички средства, претежно петарди, информира Марјан Јосифовски, портпарол на СВР Тетово.

Инаку на почетокот на месецот Секторот за внатрешни работи Тетово до јавноста и населението испрати апел да се воздржи од активирање на пиротехнички предмети како петарди со оглед дека таквите постапки претставуваат прекршок и се казнуваат со глоби додека продажбата претставува спротивност на Кривичниот законик. Паричните казни се движат од 200 до 500 евра.

Во апелот се потенцираше и опасност по здравјето на луѓето од употреба на пиротхеничките предмети, односно повреди на рацете, очите и другите делови од телото. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2019 - 16:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега