Детали за пукањето во Тафталиџе: Едно лице убиено, друго рането

Убиството во скопско Тафталиџе за Курир го потврдија и од полиција.

-На 20.12.2019 околу 19,40 пријавено е дека во продавница на ул. „Московска“ (непосредно до Зелен Пазар – Тафталиџе), извршено е убиство од страна на сопственикот на продавницата – В.Ш. (55), кој по расправија, со пиштол пукал кон С.Д. (55), негов зет за сестра, кој починал на лице место, а Ф. Д. (25), внук од сестра, е погоден со куршум во десната нога и е пренесен во Ургентен Центар, каде му се укажува лекарска помош, информираат од МВР за КУРИР.

Причините за убиството се нарушени семејни односи и нарушени имотно – правни односи.

Сторителот е приведен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.12.2019 - 21:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега