Четворица скопјани уапсени поради поседување на дрога

Четири лица приведени во текот на вчерашниот ден поради поседување на дрога.

Според пријавеното, вчера полициски службеници од Eдиницата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје ги лишиле од слобода Д.Г.(33) од с.Таор и С.Д.(19) од Скопје, затоа што при претрес во нивните домови во с.Таор и населбата Драчево, извршен со судска наредба, била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Рано утринава пак во 02.10 часот, полициски службеници од СВР Скопје на ул.„Македонско-косовска бригада“ ги лишиле од слобода Ѓ.М.(32) и О.С.(26) двајцата од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја.

По комплетно документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.12.2019 - 11:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега