Се судрија автомобил и комбе: Три лица со повреди пренесени во болница во Струмица

Во текот на вчерашниот ден се случила тешка сообраќајка кај Радовиш, во која три лица биле повредени и пренесени во болница

Вчера во 06.45 часот било пријавено дека на магистралниот пат Радовиш -  Струмица, во близина на с.Калуѓерица, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко  возило „форд ескорд“, со радовишки регистарски ознаки, управувано од Ј.Л.(52) од Радовиш и товарно возило „волксваген транспортер“, со струмички регистарски ознаки, управувано од Ж.П.(42), од село Ињево, радовишко.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот од возилото „форд ескорд“, Л.А.(53) од Радовиш, а со телесни повреди се здобил возачот и К.А.(56), кој бил сопатник од истото возило, по што биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од Полициската станица Радовиш.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 11:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега