Изгубил контрола над автомобилот и излетал од патот, охриѓанец тешко повреден

Ноќеска во 00:05 часот на регионалниот пат Охрид-Свети Наум, кај населбата Рача – Охрид, Ј.В.(35) од Охрид, управувајќи патничко возило „хјундаи гетс“, со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал од патот.

Во незгодата Ј.В. се здобил со тешки телесни повреди по што бил пренесен во Општата болница – Охрид за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Охрид.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 12:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега