Апсење во прилепско: Лажно пријавил бомба во Клиничката болница во Битола

Полицијата во Битола го привела Т.Е.(30) од с.Обршани, прилепско, поради лажна пријава на бомба.

Според пријавеното, тој вчера, во 14.17 часот, од непознат број телефонски пријавил бомба во Клиничка болница во Битола.

Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека станува збор за лажна пријава, а по преземени мерки утврден бил идентитетот на лицето кое се јавило.

По целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок, информираа од МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 15:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега