Му паднала пушката и испукала еден куршум- маж заврши во гевгелиската болница со повреда на рамото

Вчера во 12.00 часот во Полициската станица Гевгелија од Здравствениот дом Гевгелија било пријавено дека кај нив било донесено лице повредено од огнено оружје.

Од страна на полициски службеници било утврдено дека станува збор за И.Т.(40) од село Црничани, кој околу 10.30 часот, подготвувајќи jа пушката за лов, се повредил во пределот на левото рамо.

Според пријавеното, откако ја наполнил со куршуми, пушката паднала и испукала еден куршум. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Гевгелија. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 15:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега