Вечерва прегазена жена во Аеродром

Пешак беше прегазен вечерва на улицата „Методија Шаторов-Шарло“, кај ресторанот „Еквилибриум“ во Аеродром.

Како што потврдуваат од СВР Скопје за „Република“, околу 18:10 часот било пријавено дека возило прегазило жена. Повеќе детали најавуваат за наскоро. Според очевидци, станува збор за автомобил од марката „тојота версо“.

 

Екипи на полицијата и Брзата помош веднаш излегле на терен. Повредената жена веднаш беше пренесена во болница, а сè уште не се знае степенот на повредите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.12.2019 - 20:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега