Трагедија: Почина жената прегазена во Аеродром

Жена која вчера во 18 часот беше прегазена на улицата „Методија Шаторов – Шарло“ во Скопје, пред ресторанот „Еквилибриум“ во Аеродром, за жал починала.

Патничко возило „тојота корола версо“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 22-годишниот И.А. од Скопје, вчера удрило во 74-годишната Ц.М.  од Скопје.

Во незгодата  Ц.М. се здобила со тешки телесни повреди била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде за жал по полноќ подлегнала на повредите од тешката несреќа.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 11:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега