Млада скопјанка нападнала две малолетнички, па едната од нив насилно ја ставила во автомобил

Единицата за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава против Р.А.(21) од Скопје.

Имено на 17.12.2019 околу 19,00 часот на булеварот “11-ти Октомври“ две малолетнички на возраст од 13 и 16 години, згрижени во домот за деца "25 мај", биле пресретнати од пријавената, со која од претходно се познавале, а која била со возило, управувано од друго лице, и најпрвин вербално, а потоа и физички ја нападнала 13 годишната малолетничка по што насилно ја внела во возилото.

Исто така, физички ја нападнала и другата малолетничка. Веднаш по настанот, 16-годишната малолетничка се упатила кај братот на Р.А. и го известила што се случило, кој и рекол да не пријавува во полиција.

По превземени мерки од полициски службеници на 20.12.2019 Р.А. била лишена од слобода, а малолетничките се згрижени во соодветна институција.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 16:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега