Двајца велешани фатени со дрога

СВР Велес поднесе кривични против 21-годишен и 37-годишен велешанец за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори". 

СВР Велес поднесе кривична пријава против Р.У.(21) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори". На 18 март годинава на место викано „Костурница" во Велес, пријавениот му продал пакувања со марихуана на С.С., кои потоа биле одземени од полициски службеници. При претрес во домот на пријавениот биле пронајдени и одземени амфетамини и марихуана.

СВР Велес поднесе кривична пријава и против С.З.(37) од Велес, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори". На 8 март годинава над пријавениот, кој се враќал од излез во Казнено-поправната установа Велес, надзорник од затворот извршил преглед, при што пронашол и одзел марихуана.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 17:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега