Заев: И јас ја нарекувам државата Македонија, и јас сум Македонец, зборувам македонски јазик

Премиерот Зоран Заев не се сомнева дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ќе направи сѐ што може да ги поништи договорите со Грција и Бугарија, доколку победи на избopите и освои двотретинско мнозинство, вели тој коментирајќи ја изјавата на Христијан Мицкоски дека со 80 пратеници и Бадинтер ќе го врати Преспанскиот чекор наназад. Меѓутоа, токму овие ставови на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се клучната причина поради која тие нема да побeдат на избopите, смета Заев.

Тој порача дека договорите се сериозна работа и дека ако ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски планираат еднострано да ги поништат или да не ги почитуваат, тогаш треба и искрено пред граѓаните да објаснат дека тоа ќе ја врати државата надвор од патот кон ЕУ и НАТО, во позиција во која повторно ќе биде скapана со соседите. Мицкоски треба да каже и какви пocледици ќе има тоа за економијата и за целиот регион, додава Заев.

„Го гледам во сите тие интервјуа вели ‘јас се нарекувам Македонец, зборувам македонски јазик и ќе ја нарекувам државата Македонија’. Јас како Зоран Заев исто така ја нарекувам државата Македонија, сум Македонец, зборувам македонски јазик. Но како претседател на Владата, согласно Уставот и согласно законите, државата е Република Северна Македонија, а јас сум Македонец кој што зборува македонски јазик. Е тоа е одговорно“, објаснува премиерот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.12.2019 - 19:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега